Недела, 20.06.2021 година, денот кога ќе го дознаеме кошаркарскиот шампион во категоријата младинки.

Во 19:30 часот, во СРЦ Кале (голема сала), на мегдан ќе излезат младинките на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Струга. Ќе биде тоа реприза на последно одиграното финале во истата возрасна категорија (2019-та година), уште еден македонски класик во младинска конкуренција.

Натпрварите помеѓу баделки и стружанки во последните години секогаш биле вистински дерби натпревари. Оваа сезона, ждрепката за елиминациските натпревари и поставениот костур на натпреварувањето навестуваше ваков епилог. Ќе присуствуваме на вистинско надмудрување на теренот до последната секунда. Баделки, со зголемена самодоверба и 100% мотивирани влегуваат во овој натпревар, со силна верба во себе дека на крајот ќе го подигнат шампионскиот пехар.

Натпреварот ќе биде прнесуван преку LIVE STREAM, а линкот дополнително ќе го објавиме.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

19.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862