За околу 6 часа ќе го дознаеме новиот кошаркарски шампион во женска конкуренција за кошаркарки до 16 годишна возраст. Очекувано, во големото финале копјата ќе ги вкрстат екипите на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Крива Паланка. Во последниот натпревар од оваа Ковид сезона, ултра кратка, сезона којашто повеќе наликуваше на КУП натпреварување, двете екипи влегуваат со свои математики. Се очекува неизвесно и квалитетно финале исполнето со многу надмудрувања.

Младите баделки влегуваат подготвени и максимално мотивирани во големото финале, со нескриена желба да стигнат до шампионската титула. Пред нас се 40 возбудливи минути, а љубителите на женската кошарка натпреварот ќе можат да го проследат преку LIVE STREAM којшто е поставен на www.wbcbadel1862.com.mk во секцијата претстојни натпревари, како и во секцијата BadelTV. Натпреварот започнува во 17:30 часот во СРЦ Кале (голема сала).

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

16.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862