Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 до 16 годишна возраст успешно стартуваа во годинешниот Плеј оф. Во полуфиналниот натпревар ја совладаа екипата на ЖКК Трокал со резултат 81:66 (20:15, 24:16, 20:16, 17:19).

Младите баделки од самиот почеток на натпреварот ја презедоа резултатската иницијатива и на полувреме заминаа со 13 поени разлика. На крилата на расположената Марија Николов, којашто натпреварот го заврши со 31 постигнат поен, баделки ја одржуваа предноста над одличниот тим од Кавадарци, за конечна победа и пласман во големото финале. Свој поентерски придонес во победата имаа и Јована Димковска со 16, Мила Џуковиќ со 14, Зара Стојковска со 9, Елена Алуловска со 6 и Ања Даниловска со 5 постигнати поени.

Во редовите на ЖКК Трокал посебно се истакнаа Бошкова со 39 и Тодорова со 19 постигнати поени.

Во финалниот натпревар за шампионската титула сино-жолтиот тим ќе се сретне со екипата на ЖКК Крива Паланка.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

15.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862