Во големото Плеј оф финале, во категоријата кошаркарки до 16 години, ќе се сретнат екипите на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Крива Паланка.

Баделки, пласманот во финалето го обезбедија со победата над екипата на ЖКК Трокал со резултат 81:66. Во второто полуфинале екипата на ЖКК Крива Паланка ја совлада екипата на ЖКК Вардар со резултат 71:55.

Големото финале ќе се одигра во СРЦ Кале (голема сала) на 16.06.2021 година (Среда), со почеток од 17:30. Натпреварот за 3-то место, помеѓу екипите на ЖКК Вардар и ЖКК Трокал ќе се одигра со почеток во 15:00 часот.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

15.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862