Денешната сино-жолта сторија е и последна од претставувањето на хероините на ЖКК Бадел 1862 од сениорската сезона 2020/2021.

Посветена е на младите баделки, на младите надежи на ЖКК Бадел 1862 и на домашната женска кошарка во целина.

Во Групната фаза од годинешното првенство, како и во натпреварите од Супер лигата, на младите баделки, од страна на водството на сениорската екипа им беше пружена шанса за докажување, за собирање на искуство покрај Санче, Нена, Сања, Цеце,... Шанса којашто ќе им значи во нивниот понатамошен развој, во нивната понатамошна кариера, искуство коешто ќе треба да го применат како во натпреварите против своите врснички во домашните првенства, така и на меѓународен план во настапите за соодветните државни репрезентации, така и на клубско ниво во Јадранската WABA лига.

Чест ни е да ги претставиме:

Наталија Секуловска (2002)

Стефани Цветановска (2003)

Мартина Марковска (2004)

Јана Петрова (2004)

Мартина Блажевска (2004)

Дева Глигорова (2004)

Марија Николов (2005)

Ања Даниловска (2005)

Јована Димковска (2006)

Зара Стојковска (2006)

 

 

💙💛  ИДНИНАТА НА ЖЕНСКАТА МК КОШАРКА  💙💛

 

12.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862