Измнатиот виденд се одигра првата фаза од годинешното првенство во младинските лиги М16 и М18. Поради Ковид пандемијата и скратениот период за одигрување на регуларно првенство, оваа година се одигрува првенство по скратен систем на елиминации и Ф4.

Младите М16 баделки овој викенд одиграа два натпревари, во двете елиминациски кола и забележаа две победи, против екипата на ЖКК Тетова Булс со резултат 81:30 и против врсничките од ЖКК Вардар со резултат 68:48. Со овие две победи баделки обезбедија пласман на завршниот Ф4/М16 турнир, кадешто ќе атакуваат на шампионската титула.

Повозрасните, М18 баделки, ждребката во првото елиминациско коло го однесе на мегдан против една од најдобрите М18 екипи, ЖКК Вардар. Во нормални услови тоа би бил натпревар којшто би одлучувал за шампионската титула, меѓутоа оваа година тоа беше натпревар после кој една од екипите ќе треба да се збогува со пласманот на Ф4. Баделки, во неизвесен натпревар, на крај славеа со резултат 55:49, со што ширум си ги отворија вратите од Ф4. Во второто елиминациско коло, баделки имаа лесна задача во натпреварот против ЖКК Трокал, славеа со 53:28, за потврда на настапот на претстојниот Ф4/М18, кадешто ќе атакуваат на шампионската титула.

💛💙 НАПРЕД БАДЕЛКИ! 💛💙

 

07.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862