Во натпреварот којшто за многумина беше финале прд финале, младите кошаркарки на ЖКК Бадел 1862, во неизвесен натпревар, ја совладаа екипата на ЖКК Вардар со резултат 55:49 (13:20, 11:7, 9:8, 22:14).

Скратениот систем на елиминации, наметнат од куќата на кошарката, ги “смести” екипите на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Вардар во првот елиминациско коло, двете екипи коишто во било која варијанта на регуларно првенство би биле веројатно главни конкуренти за шампионската титула. Попладнево, во спорстката сала Независна Македонија, ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Вардар одиграа вистински дерби натпревар, финале пред финале. Одиграа неизвесен натпревар којшто се решаваше во самиот финиш. Вардарки подобро го отворија натпреварот, баделки психолошки оптаварени со значењето на натпреварот ја завршија првата четвртина со негатива од 7 поени. Стабилизирање на играта на сино-жолтиот тим следеше во проделжението од натпреварот, што резултираше со намалување на негативата на -3 (на полувреме) и -2 на крајот на третата четвртина. Последната четвртина се покажа како решавачка за крајниот резултат, четвртина којашто баделки ја добија со 22:14, за конечни 55:49.

Најефикасна во редовите на ЖКК Бадел 1862 беше Марија Димитрјевиќ  со 20 постигнати поени.

Честитки за младинките на ЖКК Бадел 1862 за големата победа којашто ширум ги отвара вратите на Ф4, победа којашто сино-жолтите девојки ги става во фаворитска улога за освојување на шампионската титула.

💛💙 НАПРЕД БАДЕЛКИ! 💛💙

 

05.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862