Шестиот дел од Баделовиот серијал посветен е на нашиот капитен, репрезентативката,
САЊА АДАМОВСКА (11)
Нашиот капитен, харизматичната Сања Адамовска, одигра извонредна полусезона после тешката повреда на вкрстените лигаменти од есента 2019 година. Ќе биде забележано дека шутираше од поле со 75% успешност, 50% шут за три поени, 4 скока по натпревар, 4 асистенции,…..
На самиот старт на Супер лигата, во период кога започна брусењето на формата за завршницата од првенството се случи нова повреда на предните вкрстени лигаменти, операција,….крај на сезоната за нашата Сања. По успешната опеарација, следи период на рехабилитација.
Дисциплинираната и психолошки силна Сања ќе се врати на есен уште посилна и заедно со останатите другарки ќе го предводи сино-жолтиот тим во походот кон двојната круна во домашното првенство и висок пласман во Јадранската WABA лига!
💙💛 ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА 💙💛
04.06.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862