Петтиот дел од Баделовиот серијал посветен е на,

САРА МАКСИМОВСКА (10)

Ислкучително напорна сезона одигра Сара Максимовска. Цврстата и дисциплинирана игра во одбрана и напад, секогаш шутерски расположена беа главната карактеристика  во играта на Сара. Како одминуваше сезоната, како се множеа отсуствата поради повреди на соиграчките, така се зголемуваше одговорноста за надоместување на отсуствата на повредените сино-жолти другарки, а со тоа и  напорот во играта.

И покрај се, покрај името на Сара Максимовска останаа одлични остварувања.

Во Супер лигата постигна 44 поени, 4 асистенции, 4 украдени топки, 14 скока…

Во Плеј оф натпреварите постигна 34 поени, оствари 18 асистенции, 7 украдени топки, 20 скока,….

💙💛  НАКЛОН ДО ПОД, САРА!  💙💛

03.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862