Врз основа на пласманот во националните првенства и во склад со пропозициите на WABA лигата, Бордот на лигата испрати покани за пријава за сезоната 2021/2022, како и пријави за пополнување на националните квоти.

Вкупно пријавени се 13 екипи од 8 земји за претстојната сезона. После пауза од четири години, во WABA лигата се враќа екипата на ЖКК Бадел 1862. Друштво на баделки ќе им прават екипите на :

ЖКК Будуќност Бемакс (Црна Гора)

ЖКК Цинкарна Цеље (Словенија)

ОКК Феникс (Босна и Херцеговина)

КК Орлови Бања Лука (Босна и Херцеговина)

ЖКК Војводина 021 (Србија)

БК Берое (Бугарија)

БК Монтана 2003 (Бугарија)

ЖКК Баскет Кам (Северна Македонија)

КЖК Партизан 1953 (Србија)

ЖКК Пламен Пожега (Хрватска)

ЖКК РМУ Бановиќи (Босна и Херцеговина)

ЖКК Триглав (Словенија)

Ждребката ќе се одржи на 25.06.2021 година во Славонски Брод на годишното собрание на WABA лигата.

02.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862