Четвртиот дел од Баделовиот серијал посветен е на нашата репрезентативка,

ДРАГАНА ЈОЛОВИЌ (9)

Нашата репрезентативка, Драгана, е кошаркарката којашто во оваа Ковид – сезона за заборав, на сопствена кожа ги почувствува сите, ама баш сите проблеми коишто пандемијата со Ковид-19 ги предизвика врз спортистите во целиот свет. Низ целата измината кошаркарска сезона беше следена од повреди, изолации,…започнуваше тренажни и натпреварувачки процеси, ги прекинуваше,…..во циклични циклуси, се до последната неприлика, повредата/скршеницата на носната коска. Можеме само да претпоставиме колку и беше тешко на Драгана во финишот од првенството, купот, Плеј оф натпреварите…..поради неможноста да им помогне на своите другарки во сино-жолтиот дрес…. Сезоната за заборав заврши, Драгана Јоловиќ на есен ќе се врати уште посилна и ќе го даде својот голем придонес во екипата како на домашниот така и на меѓународниот серијал натпревари за нашата екипа.

💙💛  ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА!  💙💛

02.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862