Третиод дел од Баделовиот серијал посветен е на нашата репрезентативка, 18 годишната

МАРИЈА ДИМИТРИЈЕВИЌ (7)

Изминатата сезона значајна улога во играта на ЖКК Бадел 1862 имаше нашата репрезентативка, 18 годишната Марија Димитријевиќ. Играјќи на единица, Марија беше организатор на играта во напад, а во одбрана ги спречуваше противничките организатори на играта. Голем товар и одговорност падна врз плеќите на младинката Марија откако капитенот на ЖКК Бадел 1862, Сања Адамовска се здоби со тешка повреда на вкрстените лигаменти. Мораше во претстојните натпревари да го надомести отсуството на Сања, задача којашто беше одлично одработена. Во финишот на Супер лигата поради Ковид 19 ги пропушти последните натпревари, за да во почетокот на Мај, во блискиот пост – ковид период (сеуште во специјален тренинг режим), собра сила и ја презеде плејмејкерската улога во финалната серија против ЖКК Баскет Кам. Беше тоа исклучителен напор за Марија во дуелите против Митрашиновиќ, Поп Димитрова и Белеска. Голем напор, којшто Марија го одработи со големо срце.

Во една таква состојба, Марија Димитријевиќ во финалната серија постигна 30 поени, забележа 15 скока, 22 асистенции, 5 украдени топки,….бројки за респект.

 

💙💛 НАКЛОН ДО ПОД, МАРИЈА! 💙💛

01.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862