Вториот дел од Баделовиот серијал посветен е на нашата репрезентативка, бескомпромисната

САНДРА ЛАЗАРЕВСКА (6)

Изминатата сезона Сандра Лазаревска ги “вкуси” буквално сите “последици” од Ковид – ритамот во тренажниот и натпреварувачки процес…..повреди, изолации,…(во повторувачки циклуси).

Бескомпромисен сино-жолт воин, голем работник во дефанзивните задачи, со значаен придонес во офанзивата, кошаркарка со големо срце….тоа е Сандра Лазаревска. Секогаш на терен го даваше максимумот, без разлика дали е ровита од повреди или тукушто излезена од изолација, што заедно со се поприсутниот замор од играњето Среда – Сабота влијаеше и на бројките позади нејзиното име.  Последните натпревари од финалната серија ги одигра во голем ритам, но ровите после последната повреда.

Ги одигра сите 6 Супер лигашки натпревари, при тоа постигна 50 поени, имаше 16 скока, 18 асистенции, 5 украдени топки.

Во Плеј оф серијата одигра само 4 натпревари, постигна 26 поени, имаше 6 асистенции, 2 украдени топки, 23 скока.

 

💙💛 НАКЛОН ДО ПОД, САНДРА! 💙💛

31.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862