Позади нас е исклучително чудна, по многу нешта досега невидена кошаркарска сезона, сезона за којашто ќе мора да се направат сеопфатни анализи, сезона којашто ни остава многу последици врз кошаркарките, клубовите и женската кошарка во целина, последици  коишто ќе мора во следниот период да се санираат и секако да се извлече соодветна поука.

Почнувајќи од денес, на пошироката публика ќе им бидат претставени сино-жолтите хороини, коишто на своите плеќи го изнесоа товарот на годинешното кошаркарско првенство.

Серијалот го започнуваме со нашата репрезентативка, феноменалната

АЛЕКСАНДРА СТОЈАНОВСКА (5)

После тешката операција на скочниот зглоб и долгиот процес на рехабилитација, во Декември/2020 година, Александра се стави на располагање на сениорскиот тим. Уште од првите секунди поминати на терен беше јасно дека Александра, професионалец од глава до петици, ќе биде огромно засилување за нашата екипа во првенството. Ги одигра сите натпревари до крајот на првенството во голем стил, со просечно поминато време на терен поголемо од 35 минути во самата завршница. Како се приближуваше крајот н сезоната, заморот се зголемуваше, екстремно тешките дуели во Плеј оф завршницата против извонредната интернационалка од Србија, Гобељиќ се нижеа на секои 3 дена….Постигнувањата на Александра Стојановска во Супер лигата и во Плеј офот, во целата констелација на настани, се импресивни:

Во Супер Лигата просечно постигнуваше по 22 поени на натпревар, 10.2 скока по натпревар, (дабл-дабл ефект), 4.7 асистенции, 4.7 украдени топки. Шутираше од поле со 56.9%, а од линијата за слободни фралања со 81.6%…… за просечни 32 индексни поени.

Во Плеј оф завршницата постигнуваше просечно по 23.8 поени, имаше и 7.2 скока по натпревар, 4.4 асистенции, 3 украдени топки, 1.4 блокади. Шутираше од поле со 56.1%, 40% шут за 3 поени, неверојатни 90.2% од линијата за слободни фрлања,….за просечни 31.2 индексни поени.

Со оглед на турбулентноста, непредвидливиста на сезоната којашто е зад нас, импресивни се бројките позади името на нашата Александра Стојановска – Санче, професионалец и пред се човек, како на терен така и надвор од него.

💙💛 НАКЛОН ДО ПОД, САНЧЕ! 💙💛

30.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862