Утре, со почетол во 13:00 часот, во спортската сала во Македонска Каменица, кошаркарките на ЖКК Баскет Кам и ЖКК Бадел 1862 ќе го одиграат вториот натпревар од Плеј оф финалето. Домаќините ја посакуваат победата за изедначување на резултатот на 1:1 во финалната серија, додека баделки со брејк на гостински терен и водство од 2:0 би биле на само еден чекор до освојување на шампионската титула.
И во овој натпревар екипата на ЖКК Бадел 1862 ќе настапи без своите повредени кошаркарки, меѓутоа, како што се покажа и на првиот натпревар, со дисциплинитана игра и големо срце, баделки, психолошки растеретени, ќе атакуваат на уште една победа во борбата за титулата.
Стојановска, Трајчевска и другарките силно мотивирани и со голема самодоверба ќе истрчаат утре на теренот во Македонска Каменица, со желба и надеж оваа непријатна и малерозна Ковид-сезона да ја заокружат со освојување на шампионската титула.
Вистинска штета за пошироката кошарска публика е што националната МТВ нема да ги удостои гледачите со директен ТВ пренос од натпреварот на најдоброто во женската кошарка. Сепак, љубителите на кошарката ќе можат да го проследат натпреварот преку LIVE STREAM, а линкот за истиот дополнително ќе го објавиме.
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛКИ, ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! 💙💛
21.05.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862