Од КФСМ  известуваат дека почнувајќи од 28. мај 2021 година, планирано е да продолжат натпреварите во младинските категории според нов, и модифициран систем за натпреварување кој дополнително ќе биде доставен согласно со бројот на пријавени екипи во (машка и женска конкуренција). Федерацијата, како носител на активностите, ќе обезбеди спортски сали и службени лица за непречено одигрување на предвидените натпревари.
Клубовите учесници во системот за натпреварување на младинските лиги во натпреварувачката сезона 2020/2021 кои ќе го потврдат учеството, односно ќе продолжат со натпреварувањетто, имаат обврска да го почитуваат Протоколот на КФСМ за одигрување на натпревари во време на пандемија предизвикана од Ковид-19.
Односно пред почетокот на соодветните натпревари, да имаат комплетна документација за превземени мерки за заштита од корона вирус (ПЦР, Рапид тестови).

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Паузата во натпреварувањата од Младинските лиги која беше условена со одлуките на здравствените власти во нашата држава, услови да се направат одредени промени во системот за натпреварување во Младинските лиги за тековната сезона 2020/2021.
Во зависност од бројот на екипите кои ќе го потврдат настапот во завршниот дел од сезоната, ќе се формираат и натпреварувачките броеви-групи во сите возрасни категории на натпреварување.
Откако ќе биде формиран натпреварувачкиот „костур“ за одредена лига, ќе се игра според систем на елиминации, се до формирање на финалната „четворка“ која ќе игра за трето/четвртто место, односно за титулата Државен првак за сезоната 2020/2021.
Ќе се играат и натпревари за пласман, за добивање на конечен ранкинг во соодветното натпреварување-лига за сезоната 2020/2021.

Пријавени екипи според возрасна категорија:

М-18-ЖЕНИ
1. ЖКК Шкупи
2. ЖКК Крива Паланка
3. ЖКК Трокал
4. ЖКК Вардар
5. ЖКК Струга 2009
6. ЖКК Про Баскет
7. ЖКК Гостивар
8. ЖКК МЗТ Скопје Аеродром
9. ЖКК Бадел 1862

М-16-ЖЕНИ
1. ЖКК Крива Паланка
2. ЖКК Вардар
3. ЖКК Трокал
4. ЖКК Тим Арена
5. ЖКК Бадел 1862
6. ЖКК Струга 2009
7. ЖКК Про Баскет – Кавадарци
8. ЖКК Тетова Булс
9. ЖКК Шкупи
10. ЖКК Про Баскет-Пробиштип
11. ЖКК Патриот 2019
12. ЖКК МВП Струмица

М-14-ЖЕНИ
1. ЖКК Бадел 1862
2. ЖКК Крива Паланка
3. ЖКК Патриот 2019
4. ЖКК Баскет КАМ
5. ЖКК Струга 2009
6. ЖКК МЗТ Скопје Аеродром
7. ЖКК Вардар
8. ЖКК Шкупи

20.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862