Возбудувањата во Плеј оф финалето помеѓу екипите на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам продолжуваат во Сабота, на 22.05.2021 година.

Вториот натпревар ќе се одигра во Македонска Каменица, со почеток во 13:00 часот.

Еден натпревар, желби две!

Домаќините со желба за реванш и израмнување на резултатот, додека баделки, психолошки растеретени, со желба за брејк и водство од 2:0.

На мегдан повторно Стојановска против Гобељиќ, Трајчевска против Брајковиќ, Лазаревска против Митрашиновиќ, ……..

Ново вистинско уживање за љубителите на женската кошарка. Натпреварот ќе биде пренесуван преку LIVE STREAM.

Натпреварот ќе го судат Лалков, Лазов и Стоева.

20.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862