Најдоброто од женската кошарка утре ќе го започне надмудрувањето во борбата за шампионската титула. Двете најквалитетни екипи од домашното првенство, ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам, од свои стартни позиции и со свои желби за успех, утре во 19:00 часот во Скопје ќе треба да го покажат целокупниот свој квалитет, на потот до титулата. ЖКК Бадел 1862, предводени од репрезентативките Нена Трајчевска, Александра Стојановска, Сандра Лазаревска, Цветанка Димова и Марија Димитријевиќ, и покрај отсуството на повредените Сања Адамовска и Драгана Јоловиќ, ќе атакува на првата финална победа против интернационалниот состав на ЖКК Баскет Кам, предводен од репрезентативките Митрашиновиќ, Кметовска, Поп Димитрова и Белевска, како и од интернационалките од Србија, Гобељиќ и Брајковиќ. Вистински магнет за пошироката кошаркарска публика и јавност  ќе бидат дуелите на Стојановска и Гобељиќ, Трајчевска и Брајковиќ, Лазаревска и Митрашиновиќ. Вистинска штета е играњето пред празни трибини. Поради тоа обезбеден е LIVE STREAM од натпреварот, а линкот за истиот е објавен на www.wbcbadel1862.com.mk

***Напред баделки, и покрај тоа што ја играте најмалерозната сезона исполнета со многу повреди, 💙💛 💙💛 💙💛 💙💛 чукаат за Вас***

18.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862