Викендов се одиграа натпреварите од 6-тотот Плејаут коло. Со остварените победи, екипите на Про Баскет, Трокал и МЗТ Скопје Аеродром ги потврдија амбициите на крајот од ова натпреварување да ги заземат првите две места, коишто водат во Прва лига. Кога на овие три екипи ќе ги додадеме и екипите на Шкупи и Гостивар, коишто исто така имаат амбиции и свои шанси за едно од првите две места, за очњкување е дека до крајот на ова наптреварување ќе се бие голема битка во претстојните натпревари. Моментално, на тебелата води екипата на Про Баскет со 25 поени (16 натпревари), пред Трокал со 24 (17 натпревари), МЗТ Скопје 23 (16 натпревари), Шкупи 23 (16 натпревари), Гостивар 23 (17 натпревари), а на поеледните две места се Пантери и Куманово со по 17 поени. Возбудувањата продолжуваат во Среда, 19.05.2021 година со натпреварите од 7-то коло.

16.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862