Се наближува моментот кога ќе дознаеме кој ќе биде новиот кошркарски шампион во женска сениорска конкуренција. Вчера започнаа, а воедно и завршија полуфиналните Плеј оф натпревари. ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам со победите над екипите на ЖКК Крива Паланка односно ЖКК Вардар го обезбедија пласманот во големото финале. Очекувано, двете најквалитетни екипи во домашното првенство ја потврдија својата доминација и заслужено ќе се борат за титулата државен првак. Финалната серија ќе се игра во три добиени натпревари, се стартува со резултат 0:0 (поради скорот од една победа и пораз во регуларниот дел од првенството), а предноста на домашниот терен ќе ја има екипата на ЖКК Бадел 1862 (прво место во регуларниот дел од првенството). Првиот натпревар ќе се одигра во Среда, на 19.05.2021 година во спортската сала Независна Македонија, во Кисела Вода, Скопје.

16.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862