Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 со победа го започнаа и завршија полуфиналниот дуел од разигрувањето за шампионската титула. Попладнево, во салата Независна Македонија, ЖКК Бадел 1862 ја совлада екипата на ЖКК Крива Паланка со резултат 78:43. Со оглед на двете победи во регуларниот дел од првенството и водството од 1:0, со оваа победа баделки стигнаа до резултат 2:0 и обезбедија пласман во големото финале. Победата на ЖКК Бадел 1862 во ниту еден момент од натпреварот не беше доведена во прашање. Како одминуваше натпреварот, баделки континуирано ја зголемуваа предноста, што тренерот Стамевски го искористи за да им укаже шанса и на  кошаркарите од младинскиот погон, да го почувствуваат моментот на Плејоф натпреварување. ЖКК Бадел 1862 скапо ја плати победата и пласманот во големото финале. Цветанка Димова се здоби со повреда на скочниот зглоб и ја надополни листата на повредени кошаркарки. Сепак, големи честитки за кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 за се што постигнаа до сега во оваа исклучително “тешка и комплицирана – Ковид сезона”.

15.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862