Претстојниот викенд започнува Плејоф завршницата во женската кошаркарска конкуренција. Во следните 15-тина дена ќе го дознаеме името на новиот кошаркарски шампион, шампион на едно турбулентно првенство одиграно во услови какви што десега не се забележани во подолгата кошаркарска историја. Во услови на Ковид пандемија, со одложен почеток на првенството, со екипи коишто мака мачеа со одржување на “нормален” тренажен процес, со прекини поради позитивни тестови на Ковид 19, со чести изолации на голем дел од кошаркарките, со многу повреди предизвикани од тренажниот дисконтинуитет, од недостаток на натпревари, во услови на натпреварување без присуство на публика, со строга примена на здравствените протоколи,…..дојде и моментот на почеток на Плејоф натпреварите.

Во, Сабота, 15.05.2021 година, ќе се одиграат првите полуфинални натпревари. Во  првиот натпревар, во Македонска Каменица, со почеток во 13:00 часот ќе се сретнат екипите на ЖКК Баскет Кам и ЖКК Вардар. Домаќинот, којшто во серијата до две победи влегува со резултат 1:0 (поради двојната победа во регуларниот дел од првенството) е фаворит на натпреварот.

Во вториот натпревар, Во Скопје, со почеток во 18:00 часот, противник на ЖКК Бадел 1862 ќе биде најпријатното изненадување во годинешното првенство, екипата на ЖКК Крива Паланка. Гостите од Крива Паланка ќе бидат ослабени со неиграњето на интернационлката Петровиќ.

Екипата на ЖКК Бадел 1862 е веројатно екипата којашто оваа сезона го плати најголемиот “Ковид данок” и сите натпревари до крајот на првенството ќе ги одигра без повредените Адамовска и Јоловиќ, со скратен ростер и дел од играчите коишто сеуште ги чувствуваат пост-ковид последиците. Меѓутоа, и покрј сите пехови, баделки се изразити фаворити во дуелот со екипата од Крива Паланка, во којшто влегуваат со резултат 1:0, поради двете победи во регуларниот дел од првенството. Се на се, пред нас е викенд на квалитетна кошарка, викенд во којшто најверојатно ќе ги дознаеме и имињата на финалистите во борбата за шампионската титула.

Од натпреварите, согласно одлуката на КФСМ, обезбеден е LIVE STREAM.

14.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862