Согласно постигнатите резултати во женската кошаркарска Супер лига, познати се екипите киошто ќе учествуваат во разигрувањето за шампионската титула. ЖКК Бадел 1862, ЖКК Баскет Кам, ЖКК Вардар и ЖКК Крива Паланка се најуспешните Суперлигашки екипи, екипи коишто ги заземаа првите 4 места во Супер лигата.

Полуфиналните натпревари започнуваат во Сабота, 15.05.2021 година, а се среќаваат:

ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Крива Паланка

ЖКК Баскет Кам – ЖКК Вардар

Победници во полуфиналните средби ќе бидат екипите коишто ќе стигнат до две победи. Според постигнатите резултати во регуларниот дел од првенството и двојните победи, екипите на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам во овие средби влегуваат со резултат 1:0.

Следниот евентуален натпревар од полуфиналната серија ќе се одигра на 19.05.2021 (среда).

Финалната серија се игра во три добиени натпревари. Предност на домашен терен има подобро пласираната екипа.

Доколку во Полуфиналната серија има втор натпревар, Финалната серија ке започне на 22.05.2021 (сабота), во спротивно серијата ке започне на 19.05.2021 (среда).

Термини за Финалната серија се: 19.05.2021 (среда), 22.05.2021 (сабота), 26.05.2021 (среда), 29.05.2021 (сабота), 02.06.2021 (среда), или 22.05.2021 (сабота), 26.05.2021 (среда), 29.05.2021 (сабота), 02.06.2021 (среда), 05.06.2021 (сабота).

11.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862