Министерот за здравство, Венко Филипче, попладнево потврди дека утре, на седницата на Владата и официјално ќе биде дозволено враќање на публиката на спортските натпревари.
Завршува периодот на празни стадиони и спортски салите и тоа во вистински момент, непосредно пред завршетокот во првенствата и куп-натпреварувањата во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка. Ова ќе биде првпат по стартот на пандемијата да се дозволи присуство на навивачи на трибините и тоа по едногодишна, откако последен пат нормални натпревари беа одиграни минатата година во Март.
Според најавите, Владата ќе дозволи на трибините во салите и стадионите да бидат исполнети најмногу до 30-отсто од капацитетот, запазувајќи ги сите важечки здравствени протоколи, односно користење средства за дезинфекција, држење дистанца и задолжително носење маска на лицето.
10.05.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862