Денес, во СРЦ КАЛЕ, во организација на КФСМ во рамките на кампањата HER WORLD, HER ROULS, за промоција на женската кошарка, беше организиран ревијален турнир за девојчиња во 3 x3 конкуренција во рамките на Plаy off на државното првенство 3 x3. Земаа учество четири екипи и тоа: ЖКК БАДЕЛ 1862, ЖКК  ГОСТИВАР, ЖКК ШКУПИ и ЖКК ПРОБАСКЕТ ОД Кавадарци. Екипата на ЖКК БАДЕЛ 1862 на убедлив начин го освои овој турнир со три убедливо добиени натпревари, вклучително и финалниот со екипата на ЖКК ГОСТИВАР од Гостивар. ЖКК БАДЕЛ 1862 настапи во состав Зара Стојковска, Мила Ѓуковиќ, Луна Алексова, Дора Алексова и Илина Несторовска.

 

09.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862