Во големото Куп финале, попладнево во СРЦ Кале во Скопје, екипата на ЖКК Баскет Кам, со победата над екипата на ЖКК Бадел 1862 со резултат 81:64 (27:17, 23:11, 21:13, 10:23) стигна до својата прва куп-титула. Беше тоа натпревар во којшто баделки и покрај целосната посветеност и борбеност, неможеа да го надополнат огромниот хендикеп со неиграњето на повредените Адамовска и Јоловиќ и последиците по кошаркарките, од здравствен аспект, којшто ги донесе Ковид пандемијата. Интернационалниот состав на ЖКК Баскет Кам доминираше во текот на сите 40 минути, диктираше темпо коешто десеткуваниот состав на ЖКК Бадел 1862 не успеа да го следи. Честитки до екипата на ЖКК Баскет Кам за освоениот трофеј. Следната недела продолжуваат предизвиците во разигрувањето за шампионската титула, со полуфиналните средби во коишто ќе се сретнат ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Крива Паланка и ЖКК Баскет Кам – ЖКК Вардар. Нов предизвик, нова цел, нова инспирација за успех!

Баделки, главата горе! Спортскиот успех е долгорочна цел и последица на повеќегодишна макотрпна работа! 13>1!

08.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862