Завршницата од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција утре и задутре ќе може да го следиме со директни преноси на МТВ 3, а во пресрет на настанот на „СРЦ Кале“ од јавниот сервис подготвија богата понуда со дел од историските дуели од ова натпреварување.

Македонската кошаркарска федерација во соработка со спортската редакција на МТВ, во наредните денови ќе ги потсетaт љубителите на кошарката, во прв ред онаа во женска конкуренција на дел од историјатот на натпреварите од Купот на Македонија.

Спортската редакција на МТВ подготви богата кошаркарска понуда за наредните денови кои ќе бидат одбележани со одигрување на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“.

Четврток, 06.05.2021

18:15  ФИНАЛЕ КУП 2017: ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Вардар

20:15  ФИНАЛЕ КУП 2018: ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Вардар

22:00  ФИНАЛЕ КУП 2019: ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Вардар

Петок, 07.05.2021

14:00 Полуфинале КУП    ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Крива Паланка

17:00 Полуфинале КУП    ЖКК Баскет Кам – ЖКК Вардар

 

06.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862