На 07 и 08 Мај 2021-ва година во СРЦ Кале ќе се одржи завршницата од годинешниот Куп во женска конкуренција. На денешната прес конференција организирана од КФСМ, беа претставени натпреварувачките полуфинални двојки.

На 07.05.2021 во 14:00 во првиот полуфинален натпревар ќе се сретнат ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Крива Паланка.

Најтрофејниот македонски клуб во Куп натпреварувањата, екипата на ЖКК Бадел 1862, ќе настојува со добра игра да го врати трофејот во своите витрини. Свои изјави на прес конференцијата имаа и стратегот на ЖКК Бадел 1862, Перо Стамевски и капитенот на екипата, Сања Адамовска.

Перо Стамевски:

„Пред се би посакал добро здравје на сите екипи, добра игра и квалитетни натпреаари. Нашата цел прво е пласман во финалето, а пред да се стигне до таму мора да се изигра полуфинале со Крива Паланка. Ќе сториме се да влеземе во тоа финале, ќе се подготвиме колку што имаме уште два-три дена и ќе дадеме се од себе. Во финалето се е можно. Посакувам најдобрата екипа да го освои пехарот“.

Сања Адамоска

„Би сакала да им честитам на сите екипи кои обезбедија учество на турнирот, Како што кажа и Генералниот Секретар, мислам дека оваа година натпреварите, а и самиот квалитет ветува интересна кошарка. Самата Супер лига од натпревар во натпревар е со зголемен квалитет и сè поголема неизвесност. Не би сакала да издвојам фаворит бидејќи сите екипи ветуваат. Во име на мојата екипа можам само да кажам да гарантирам дека ние ќе дадеме се од себе и дека ќе се обидеме да го освоиме Купот“.

Од натпреварот е обезбеден директен ТВ пренос на МТВ.

 

05.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862