Во рамките на 5-то коло од Супер лигата, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 ја забележаа 5-тата Суперлигшка победа. Попладнево, во Крива Паланка ја совладаа истоимената екипа со резултат 89:67 (29:18, 21:18, 21:11, 18:20).

Најефикасна во редовите на ЖКК Бадел 1862 беше Цветанка Димова со 20 поени, пред Александра Стојановска со 18 и Сандра Лазаревска со 15 поени. Свој придонес во победата имаа и Сара Максимовска со 12 поени, Нена Трајчевска со 11, Наталија Секуловска со 5, Мартина Блажевска со 4, Мартина Марковска и Марија Николов со по 2 поени.

Во редовите на ЖКК Крива Паланка, најефикасна беше Алексовска со 20 поени.

 

28.04.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862