Годинешново Суперлигашко кошаркарско првенство е збогатено со играњето на голем број сениорски репрезентативки и интернационалки, со што самото натпреварување добива на квалитет и популарност.
На половина од Суперлигата, кога ќе се погледнат индивидуалните статистики на кошаркарките, токму репрезентативките и интернационалките се истакнуваат со забележителни бројки.
Според индексот на корисност, кошаркарката на ЖКК Бадел 1862, Нена Трајчевска се издвојува со просечен индекс од 37.67, на второто место е Митрашиновиќ од ЖКК Баскет Кам со просечен индекс од 33, а на третото место е кошаркарката на ЖКК Бадел 1862, Александра Стојановска со просечен индекс од 31.
Нена Трајчевска е и кошаркарка со најпрецизен шут за два поени. Поентира со 75% прецизност. На второто место е Александра Стојановска со 63.16%, а трета е Петрушевска од ЖКК Вардар со 60%.
Зад линијата од 6.75м, најпрецизна е кошаркарката на ЖКК Бадел 1862, Сања Адамовска со 50% прецизност, Подунавац од ЖКК Вардар со 42.8%, Митрашиновиќ од ЖКК Баскет Кам со 42.5% и Нена Трајчевска од ЖКК Бадел 1862 со 40% прецизност.
Листата на севкупен шут од поле ја предводи Нена Трајчевска со 61.22%, пред Александра Стојановска со 50.91%. Следува двоецот од ЖКК Баскет Кам, Кметовска со 50% и Митрашиновиќ со 45.57%.
Од линијата за слободни фрлања, најпрецизна е кошаркарката на ЖКК Вардар, Подунавац со 84.62%, пред Поп-Димитрова од ЖКК Баскет Кам со 78.57%, Марјановиќ од ЖКК Крива Паланка со 76.47% и двоецот од ЖКК Бадел 1862, Нена Трајчевска со 75% и Александра Стојановска со 74.07%.
На половина од Суперлигата, најефикасна според бројот на постигнати поени е Митрашиновиќ од ЖКК Баскет Кам со 106 поени, пред кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, Александра Стојановска со 80 и Нена Трајчевска со 75 поени.
Најдобри скокачи се Марјановиќ од ЖКК Крива Паланка со 51 скок, пред Нена Трајчевска со 39 и Лаковиќ од ЖКК Струга со 39 скока.
Најмногу асистенции има Митрашиновиќ – 18, пред Наков од ЖКК Вардар со 17 и Нена Трајчевска со 16 асистенции.
Најмногу освоени топки има кошаркарката на ЖКК Бадел 1862, Александра Стојановска – 18, пред Митрашиновиќ со 12, Поп-Димитрова и Наков со по 9 освоени топки.
27.04.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862