Денес се одиграа заостанатите натпревари од 4-то коло во Супер лигата. Екипата на ЖКК Баскет Кам потешко од очекувањата ја совлада екипата на ЖКК Струга на теренот во Струга со резултат 90:73. Голем чекор кон освојување на четвртото место во Супер лигата направија кошаркарките на ЖКК Крива Паланка со победата над екипата на ЖКК Работнички, во Скопје, со резултат 70:42.

Претходно,во дерби натпреварот на 4-то коло, екипата на ЖКК Бадел 1862 ја победи екипата на ЖКК Вардар со резултат 70:64, победа со којашто остана на чело на табелата со 100% учинок.

Во Плејаут лигата, екипата на ЖКК МЗТ Скопје, на домашен терен ја совлада екипата на ЖКК Пантери со резултат 73:52, додека на гостувањето во Куманово, екипата на ЖКК Шкупи забележа значајна победа во борбата за 2-то место, против екипата на ЖКК Куманово со резултат 54:32. Претходно, лидерот во Плејаут конкуренцијата, екипата на ЖКК Про Баскет ја совлада екипата на ЖКК Гостивар со резултат 68:43.

 

25.04.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862