Во рамките на 4-то коло од Супер лигата, во Кисела Вода се одигра дерби натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Вардар.
Во квалитетен и неизвесен натпревар, баделки ја забележаа својата втора победа во Суперлигашкиот дел над екипата на ЖКК Вардар со резултат 70:64 (21:22, 19:13, 13:18, 17:11). На двете екипи им припаднаа по две четвртини, а натпреварот беше решен во последната четвртина, период во кој кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 со добра игра во одбраната и стрплива во напад направија разлика којашто ја задржаа до крајот на натпреварот. Носители и предводници кон победата беа Александра Стојановска со 21 поен, 8 скока, 4 асистенции и 3 освоени топки, Цветанка Димова со 19 поени, 10 скока, 2 асистенции и 3 освоени топки и Нена Трајчевска цо 17 поени, 11 скока, 5 асистенции и 8 освоени топки. Сандра Лазаревска допринесе со 10 поени, 2 скока, 2 асистенции и 3 освоени топки, а Сара Максимовска со 2 поени, 2 скока, 1 асистенција и 2 украдени топки.
Во редовите на ЖКК Вардар забележителен настап имаа Подунавац со 20 поени и Наков со 15 поени.
21.04.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862