Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 3-то коло во Супер лигата и во Плејаут лигата.
Во Плејаут конкуренцијата, во Скопје се одигра натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Шкупи и моментално водечката екипа во лигата, ЖКК Про Баскет од Кавадарци. Натпреварот заврши со победа на екипата на ЖКК Шкупи со резултат 70:66. Во Кавадарци се одигра натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Трокал и ЖКК МЗТ Скопје Аеродром. Гостите од Скопје со победата од 71:49 се зацврстија на второто место во Плејаут конкуренцијата. Третиот натпревар помеѓу екипите на ЖКК Пантери и ЖКК Куманово, којшто се одигра во Куманово заврши со резултат 61:47 во корист на ЖКК Куманово.
Вистински шлагер на викенд натпреварите беше натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Баскет Кам и ЖКК Бадел 1862 којшто се одигра во Македонска Каменица. Во дуелот на двете најквалитети екипи во домашното првенство, екипата на ЖКК Бадел 1862 извојува голема победа, со што остана единствената екипа со 100% ефект. Баделки победија со резултат 78:68, со што ги потврдија аспирациите за освојување шампионскиот пехар. На останатите натпревари, екипата на ЖКК Вардар со победата над ЖКК Работнички со резултат 91:49, го потврди својот пласман во Плеј-оф фазата, додека екипата на ЖКК Струга, на теренот во Крива Паланка, извојува убедлива победа на екипата на ЖКК Крива Паланка со резултат 92:55.
19.04.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862