Во Недела, 18.04.2021 година – 16:00 во рамките на 3-то коло, на теренот во Македонска Каменица, ќе се одигра првото Суперлигашко супер-дерби помеѓу екипите на ЖКК Баскет Кам и ЖКК Бадел 1862. Станува збор за натпревар на двете непоразени екипи во досегашниот тек на годинешното женско кошаркарско првенство, двете убедливо најквалитетни екипи. Утрешниот натпревар меѓу другото ќе биде и вистинска ревија на сениорските репрезентативки. Митрашиновиќ ,Кметовска ,Поп Димитрова во редовите на ЖКК Баскет Кам наспроти Стојановска, Трајчевска, Димова, Лазаревска во редовите на ЖКК Бадел 1862. Супер дербито ќе биде осиромашено поради отсуството на повредените репрезентативки на ЖКК Бадел 1862, Јоловиќ, Адамовска и Димитријевиќ. Натпреварот за којшто постои голем интерес во пошироката кошаркарска јавност, ќе биде пренесувам преку LIVE STREAM.
17.04.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862