Кошаркарката на ЖКК Бадел 1862, репрезенативката Нена Трајчевска, е играчот којшто остави убедливо најголем впечаток во првото коло од женската Супер Лига.

Во победата над ЖКК Вардар, Трајчевска за 40 минути поминати на терен постигна 20 поени со 73% прецизен шут од игра, оствари 17 скока (3 + 14), а на своите соиграчки им подели 7 асистенции, учинок којшто беше вреднуван со 42 индексни поени!

Уште една кошаркарка на ЖКК Бадел 1862, репрезентативката Александра Стојановска, беше незадржлива во дуелот против ЖКК Вардар. За 40 минути игра, Стојановска постигна 34 поени со  63% прецизен шут од игра и 92% од линијата за слободни фрлања, реализира 7 скокови, 1 асистенција и 7 освоени топки, учинок којшто беше вреднуван со 40 индексни поени!

Во првото коло, за одбележување се и настапите на:

Анџелика Митрашиновиќ (ЖКК Баскет Кам), којшто на натпреварот против ЖКК Струга за 39:03 минути на терен постигна 33 поени со 52% шут од игра, 9 скока, 8 асистенции, учинок вреднуван со 39 индексни поени,

Ивана Кметовска (ЖКК Баскет Кам), за 27:34 минути на терен постигна 29 поени со 58% шут од игра, 15 скока, 4 асистенции, учинок вреднуван со 35 индексни поени и

Милена Марјановиќ (ЖКК Крива Паланка), којашто на натпреварот против ЖКК Работнички за 33:28 минути на терен попстигна 25 поени со 44% шут од игра и 90% шут од линијата за слободни фрлања, 22 скока, 1 асистенција, 1 освоена, 4 блокади.

 

12.04.2021

ЖКК Бадел 1862