Денес се комплетираше првото коло од женската кошаркарска Супер лига.

Кошаркарките на ЖКК Работнички, во отсуство на Едина Муса, не успеа да и се спротивстави на екипата на ЖКК Крива Паланка, којашто ја забележа првата Супер-лигашка победа со резултат 70:43. Најдобри поединки на натпреваров беа Марјановиќ со 25 и Алексовска со 20 поени. Темна дамка на натпреварот беше тешката повреда на кошаркарката на ЖКК Крива Паланка, Петровиќ, на којашто и посакуваме брзо враќање на кошаркарските терени.

На вториот натпревар во Македонска Каменица, екипата на ЖКК Баскет Кам ја совлада екипата на ЖКК Струга со резултат 88:53. Најдобри на теренот беа Митрашиновиќ со 33 и Кметовска со 29 поени.

Во воведниот натпревар, екипата на ЖКК Бадел 1862, во дерби натпреварот од 1-то коло ја совлада екипата на ЖКК Вардар со резултат 95:50. Печат на натпреварот, а и на целокупното 1-во коло од Супер лигата, ставија кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, репрезентативките Нена Трајчевска со индекс 42 и Александра Стојановска со индекс 40.

Возбудувањата во женската Супер лига продолжуваат во Среда, на 14.04.2021, со натпреварите од 2-то коло.

 

11.04.2021

ЖКК Бадел 1862