КФСМ: Поради влошената здравствена ситуација на територијата на целата држава, предизвикана од епидемијата на корона вирусот, и препораките добиени од страна на Институтот за јавно здравје, раководството на федерацијата донесе одлука за прекин на сите активности во Младинските лиги. Согласно со тоа, се одложуваат сите натпревари кои беа опфатени со последното делегирање, а кои поради актуелната ситуација досега не беа одиграни. Одложувањето на натпреварите во Младинските лиги ќе трае до 20. април, 2021 година. Во меѓувреме, федерацијата ќе ги следи сите актуелни состојби поврзани со епидемијата предизвикана од Ковид-19. Во зависност од актуелниот здравствен момент во земјата ќе бидат и следните чекори поврзани со враќање на активностите во младинскиот сегмент.

 

06.04.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862