Во рамките на последното коло од Група Запад, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, во СРЦ Кале, ја совладаа екипата на ЖКК Работнички со резултат 69:43 (14:10, 15:12, 12:14, 28:7). И покрај тоа што баделки натпреварот го одиграа без повредените Нена Трајчевска и Драгана Јоловиќ, во текот на сите 40 минути го демонстрираа својот квалитет, искуство, карактер и тимскиот дух на екипата. Во студеното Кале, домаќините само во почетната фаза од натпреварот успеваа да им парираат на кошаркарките на ЖКК Бадел 1862. Како одминуваше натпреварот, се повеќе до израз доаѓаше големиот квалитет на сино-жолтата екипа, што на крај резултираше со убедлива победа од 26 поени.
Најефикасни беа Димова со 21 и Стојановска со 20 поени. Лазаревска постигна 12, Димитријевиќ 9 и Адамовска 7 поени. Со оваа победа, баделки го задржаа 100%-от ефект и со максимален учинок влегуваат во кошаркарската Суперлига.
Во редовите на ЖКК Работнички, најефикасна беше Муса со 22 поени.
26.03.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862