И покрај тоа што до крајот на групната фаза од женското кошаркарско првенство останаа да се одиграат уште два натпревари, познати се сите 6 екипи коишто ќе ја формираа Супрлигата во годинешното првенство. Последна екипа којашто го обезбеди статусот на суперлигаш е екипата на ЖКК Крива Паланка, по победата на екипата на ЖКК Про Баскет од Кавадарци со резултат 93:65. До крајот на групната фаза преостанаа да се одиграат натпреварите ЖКК Работнички – ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам – ЖКК Вардар. Во Суперлигата ќе учествуваат екипите на ЖКК Бадел 1862, ЖКК Работнички, ЖКК Струга, ЖКК Баскет Кам, ЖКК Вардар и ЖКК Крива Паланка.
24.03.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862