Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 денес во Струга ја забележаа својата 11-та пбеда во 11-тиот натпревар со резултат 86:43 (22:11, 22:15, 22:6, 20:11).

Во натпревар во којшто кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 имаа целосна контрола над натпреварот и водство коешто континуирано се зголемуваше, најефикасни на натпреварот беа Стојановска и Димова со по 17 поени. Адамовска натпреварот го заврши со 14 поени, Димитријевиќ 12, Трјчевска 8, Максимовска 7, Лазаревска 6, Марковска 3 и Цветановска 2 поени.

Кај домаќинот, екипата на ЖКК Струга, најефикасни беа Лаковиќ со 14 и Зендели со 9 поени.

 

21.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862