Владата на Северна Македонија го донесе петтиот пакет антикризни мерки во услови на пандемија со КОВИД-19. Една од мерките директно ги засега спортските клубови, корисници на Ваучерите за спорт од Агенцијата за Млади и Спорт. Со мерката се предвидува 33% од вредноста на Ваучерот да се исплаќа од буџетот директно на сметките на спортските клубови, со што би се намалиле проблемите на клубовите во процесот на реализација на Ваучерот за спорт.
16.02.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862