Кошаркарската Федерација на Северна Македонија донесе одлука за почеток на младинските лиги во машка и женска конкуренција за сезоната 2020/2021.

Сезоната во категорија до 18 година (младинки) ќе започне на 13.03.2021 година. Ќе се натпреваруваат вкупно 10 екипи, коишто ќе бидат поделени во две групи, Исток и Запад.

Во Група Исток ќе се натпреваруваат следните екипи:

  • ЖКК Вардар
  • ЖКК Крива Паланка
  • ЖКК Про Баскет
  • ЖКК патриот
  • ЖКК Трокал

 

Група Запад

  • ЖКК Бадел 1862
  • ЖКК Шкупи
  • ЖКК Струга 2009
  • ЖКК Гостивар
  • ЖКК МЗТ Скопје Аеродром

 

Ќе се игра по двокружен бод систем, а најдобрите две екипи од секоја група ќе обезбедат пласман на Ф4.

 

Во конкуренција за кошаркарки до 16 години (М16), ќе се натпреваруваат  11 екипи, коишто исто така ќе бидат поделени во две групи, Исток и Запад. Натпреварувањето ќе започне на 20.03.2021, со двокружен бод систем и пласман на најдобрите две екипи од секоја група на Ф4.

Група Исток

  • ЖКК Крива Паланка
  • ЖКК Патриот
  • ЖКК Трокал
  • ЖКК Про баскет
  • ЖКК МВП Струмица
  • ЖКК Тим Арена Штип

 

Група Запад

  • ЖКК Бадел 1862
  • ЖКК Вардар
  • ЖКК Струга 2009
  • ЖКК Шкупи
  • ЖКК Тетова Булс

 

Во конкуренција на кошаркарките до 14 години (М14), пријавени се 9 екипи, коишто исто така ќе бидат поделени во две групи, Исток и Запад, ќе се игра двокружен бод систем и Ф4 за двете најдобро пласирани екипи од секоја група. Натпреварувањето ќе започне на 03.04.2021.

Група Исток

  • ЖКК Патриот
  • ЖКК Крива Паланка
  • ЖКК Про Баскет
  • ЖКК Баскет Кам

 

Група Запад

  • ЖКК Бадел 1862
  • ЖКК Струга 2009
  • ЖКК Вардар
  • ЖКК Шкупи
  • ЖКК МЗТ Скопје Аеродром

 

15.02.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862