1. Како течеа подготовките за новата сезона во услови на пандемија (коронавирус) и со какви
предизвици се соочувате?
Подготовките за претстојното првенство ги започнавме уште на 19-ти Мај. Најпрво работевме во групи заради препораките Комисијата за Здравство во услови на Ковид пандемија. Целиот младински тим за прв пат се собра на 19-ти Август и замина на 7 дневни подготовки во Охрид. До 1-ви Октомври се работеше по два пати дневно.
2. Кои се очекувањата и амбициите во новата сезона (државно првенство, Јадранска лига)?
Нашите амбиции како екипа се секогаш да сме во финале во сите младински категории кога станува збор за нашето првенство. Нашата младинска екипа до 17 години се натпреварува повеќе години и во WABA лигата. За во WABA лигата секогаш се стремиме за што повеќе победи и да се освои едно од првите четри места кој водат во следниот круг на натпреварување.
3. Каква е конкуренцијата сезонава?
Годинава конкуренцијата во младинските категории е голема како и претходните години. Во сите младински категории има по 3-4 екипи коишто ќе се борат за шампионската титула.
4. Колку сте задоволни од напредокотна Вашите играчи?
Моите кошаркарки напредуваат со голема брзина, но имаме уште многу работа за да дојдеме до едно високо ниво на квалитет.
5. Каква ќе биде Вашата филозофија на игра?
Мојата филозофија како тренер скогаш е агресивна игра на целиот терен.