ЖКК „Бадел 1862″ од Општина Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка во земјава ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката”. Целта на овој проект, како што информираат од Општината, е психосоцијална поддршка на кошаркарките во тимот, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) -ЖКК „Бадел 1862″ од Општина Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка во земјава ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката”. Целта на овој проект, како што информираат од Општината, е психосоцијална поддршка на кошаркарките во тимот, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група.

Како што појасни Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862″, работилниците ќе ги опоатат млади на возраст од 14 до 18 години. Тој појасни дека во нашата држава нашиот клуб е прв со ваков проект.

-Ние сме свесни дека психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни , така што поучени од светските трендови на големите спортски клубови, одлучивме да им овозможиме на нашите кошаркарки поддршка и од овој тип. Проектот ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии и креативни работилници, рече Павловски.

Реализацијата на програмата ќе ја овозможат психолозите Андријанз Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова.бт/скс/