Долгогодишен спортски работник во клубот, од далечната 1989 година како член на Управниот одбор. 0д 1994 година претседател на ЖКК ВИГОР – Скопје и воедно главен спонзор како директор на БАДЕЛ1862 а.д-Скопје. По промена на името на клубот во ЖКК БАДЕЛ1862, продолжува во клубот како член на Управниот и одбор, и ја обавува функцијата тим менаџер на клубот, како одговорен за организација и развој на клубот, и продолжува како главен спонзор на клубот како управител на БАСКО ТРЕЈД 2014 д.о.о.-Скопје. Во својата долгогодишна спортска активност има обавувано повеќе функции во КФСМ, спортски директор на младински репрезентации во два наврата и во еден наврат на сениорската репрезентација во женска конкуренција. Во неколку мандати член на Управниот одбор на КФСМ, и неколку пати претседател на Здружението на прва лига жени и актуелен претседател на истото. За својата долгогодишна активност во развојот на женската кошарка имаа добиено благодарници и признанија од страна на КФСМ, и Плакета за 13-ноемвриска награда во 2016 година како спортски работник-спонзор-кошарка на годината. Со клубот има освоено 13 титули шампион на Македонија и 13 титули победник на Купот на Македонија, и безброј шампионски титули во младински категории. Добиени благодарници од општина Кисела Вода за развој на спортот во истата.