Recap
Во рамките на третото коло од првата женска кошаркарска лига – запад,тимот на ЖКК Бадел 1862 убедливо со резултат 90:37 (25:10, 28:6, 21:13 и 16:8) ја победи екипата на ЖКК „Трокал“ од Кавадарци.
Во текот на целиот натпревар на теренот доминатни беа кошаркарките на Бадел 1862, од кои со најмногу постигнати поени се истакнаа Цветанка Димова 21 и Сања Адамовска со 20 поени, по нив заслужни за големата победа се и Драгана Јоловиќ 14, Наталија Секуловска 10, Марија Димитријевиќ 6, Сандра Лазареска 5, Сара Максимовска 5, Мартина Маркоска 5 и Мартина Блажевска со 4 поени. Од противничката екипа најефикасни беа Лиле Миткова со постигнати 13 поени и Љубица Бошкова со 12 поени.