Recap
РУТИНЕРСКА ПОБЕДА НА ЖКК БАДЕЛ 1862 ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ЖКК ГОСТИВАР
Во заостанат натпревар од второто коло од првата женска кошаркарска лига – запад,тимот на ЖКК Бадел 1862 убедливо со резултат 110:40 (35:8, 23:15, 34:4 и 18:13) ја победи екипата на ЖКК Гостивар од Гостивар.
Во нерамноправен натпревар на теренот доминатни беа кошаркарките на Бадел 1862, при што во добар дел од натпреварот стручниот штаб на домаќинот им пружи шанса и на кошаркарките од младинскиот погон на Бадел 1862. Најефикасна на натпреварот беше Цветанка Димова со 36 поени, а во листата на стрелците се запишаа и Сара Максимовска со 16, Марија Димитријевиќ со 15, Марија Николов со 14, Сања Адамовска со 12, Мартина Маркоска со 8, Сандра Лазаревска со 5 и Стефани Цветановска со 4 поени. Кај екипата на ЖКК Гостивар најефикасни беа Божиновска со 11 поени, Петреска со 10 и Стојаноска со 9 поени.
16.01.2021, Скопје
ЖКК Бадел 1862
