Сезоната 2022/2023 е позади нас. Сезона во којашто нашите баделки во сите конкуренции, со значително подмладени состави (од сениорска конкуренција до помлади пионерки) постигнаа одлични резултати….вицешампионки во сениорска конкуренција, М18 – бронзени, М16 – сребрени, М14 – шампионки, М12 – генерација којашто оваа сезона ги имаше своите први официјални настапи.
Позади нас е сезона во којашто нашата младост го докажа неспорниот квалитет, квалитет којшто е резултат на работата на нашиот стручен тим во подолг временски период.
Постигнатите резултати го отсликуваат патот по којшто се движи ЖКК Бадел 1862, пат којшто не завршува во рамките на домашните натпреварувања.
Историските достигнувања на сениорките на ЖКК Бадел 1862 во WABA лигата (2021/2022), одличните резултати на кадетките во WABA U17 (2019/2020) за нас се репер и предизвик за уште подобра презентација и подобри резултати на меѓународен план.
Во таа насока е и одлуката нашите кадетки (родени 2007 и помали) да земат учество во регионалната WABA U17 лига во сезоната 2023/2024.
Покрај ЖКК Бадел 1862 /У17/, во WABA U17 следната сезона ќе учествуваат и следните екипи:
1 CINKARNA CELJE (SLOVENIJA)
2 AKSON ILIRIJA (SLOVENIJA)
3 VARDAR SKOPJE (SEVERNA MAKEDONIJA)
4 BUDUĆNOST BEMAX (CRNA GORA)
5 JEŽICA (SLOVENIJA)
6 TRIGLAV KRANJ (SLOVENIJA)
7 JANINA (SLOVENIJA)
8 TREŠNJEVKA 2009 (HRVATSKA)
9 SEA STARS TIVAT(CRNA GORA)
10 ZAGREB (HRVATSKA)
11 BADEL 1862 SKOPJE (SEVERNA MAKEDONIJA)
12 JUMPER ZENICA (BIH)
13 RMU BANOVIĆI (BIH)
14 BUDUĆNOST BIJELJINA (BIH)
15 LAVOVI BRČKO (BIH)
16 FSV RIJEKA (HRVATSKA)
17 KK START-z TUZLA (BIH)
Распоредот на натпреварите ќе биде одреден на 30.06.2023 година во Славонски Брод (Хрватска) на редовното Собрание на WABA лигата.
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ !💙💛
14.06.2023
ЖКК Бадел 1862