Најдобрата македонска кошаркарка за 2022 година, сино – жолтата икона, Александра Санче Стојановска, сезоната ќе ја продолжи во Шпанија, во екипата на Маристас – Ла Коруња.
Во првиот декл од сезоната 2022/2023 Александра беше член на Евникос од Атина, кадешто беше една од најдобрите кошаркарки. Просечно поминуваше на терен по 26.9 минути, реализираше по 10.3 поени, 4.7 скока и 2.6 асистенции.
Екипата на Маристас се натпреварува во втората лига во Шпанија.

На Санче и посакуваме пред се добро здравје и успех на кошаркарските терени во Шпанија!

💙💛 САНЧЕ, СО СРЕЌА ВО ШПАНИЈА! 💙💛

💙💛 ЖКК БАДЕЛ 1862! 💙💛

 

10.01.2023

ЖКК БАДЕЛ 1862