Нашите млади кошаркарки вчера во спортската сала Независна Македонија ги одиграа своите последни натпревари во календарската 2022 година.

Тројната програма во “Дуња” со убедлива победа против екипата на Партиот 2016 од Делчево ја отворија кошаркарките до 18 годишна возраст. И покрај тоа што резултатски првото полувреме баделки го решија во своја корист со само 3 поени разлика, во второто полувреме на терен ја покажаа својата доминација, којашто на крајот резултираше со победа од 26 поени разлика. Со оваа победа нашите млади кошаркарки на крајот од есенскиот дел го обезбедија лидерското место во М18 – Група 2.

Во вториот натпревар, најмалите баделки (М12) претпреа пораз од екипата на Патриот 2016. И покрај поразот, простор за разочарување нема! Времето работи за најмалите, секој одигран натпревар е искуство повеќе за нашите 9, 10, 11 годишни другарки!

На екипата на Патриот 2016 и честитаме за фер и коректните натпревари!

За успешен крај на саботната тројна програма се погрижија нашите кошаркарки до 16 годишна возраст. Со убедливата победа од 33 поени разлика против екипата на Крива Паланка, го задржаа 100% ефект во есенскиот дел од натпреварувањето..

На екипата на Крива Паланка и честитаме за фер и корекртниот натпревар!

РЕЗУЛТАТИ
12:00     Бадел 1862 – Патриот    79:53      /М18 – Група 2/
14:15     Бадел 1862 – Патриот     23:38     /М12 – Група 2/
16:30     Бадел 1862 – Крива Паланка    67:34     /М16 – Група 1/

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

25.12.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862